Подготвени за нуклеарна одбрана

Путин претседаваше со мега ракетна вежба со подморници, бомбардери и лансери (ВИДЕО)

Претседателот Владимир Путин како врховен командант ја надгледуваше вежбата од Контролниот центар за национална одбрана, главното седиште на Министерството за одбрана.

Русија ги тестираше сите три компоненти на својата нуклеарна тријада, осигурувајќи се дека ако се случи најлошото и самата егзистенција е под закана, ќе има многу начини да одговори на надворешна агресија, јави Раша тудеј.

Симултаниот тест на различни тактички и стратегиски нуклеарни оружја во арсеналот на Русија се одвиваше во рамки на големата воена вежба наречена „Гром-2019“. Вклучува околу 12.000 војници, стотици ракетни фрлачи и авиони и скоро дваесетина бродови и подморници.

Стратегиските подморници обезбедени од Северната и Пацифичката флота на Русија ги испукаа своите стратешки ракети со долг дострел Синева во две целни полиња лоцирани во регионот на Архангелск во северозападна Русија и во далечниот источен регион Камчатка.

Морнарицата исто така испушти бараж од крстаречки ракети Калибр од Баренцовото и Каспиското море.

Интерконтинентална балистичка ракета Јарс била испукана од копнен фрлач распореден во воениот космодром Плесецк. Нуклеарките патувале околу 6.000 километри источно пред да ја погодат целта во Камчатка.

Во меѓувреме, тактичките ракетни системи Искандер во јужна и источна Русија спроведоа свои тест лансирања.

Во воздух, бомбардерите со долг дострел Ту-95МС го завршија својот дел од вежбата, пукајќи крстаречки нуклеарни ракети кон цели во регионот Коми во северна Русија и во Камчатка.

Вежбата била наменета за тестирање на способностите на руската војска да организира одговор на ниво на целата земја на воена криза која би барала употреба на нуклеарно оружје. Руската воена доктрина вели дека може да се случи само ако земјата е под нуклеарен напад или доколку има голема воена инвазија која се закнува на нивната егзистенција.

Социјалниот маркетинг веднаш би можел ефективно да придонесе во напорите против нееколошкото однесување во нашата земја.

повеќе

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе