Путин предупреди дека приклучувањето на Финска во НАТО би било „грешка“

Рускиот претседател Владимир Путин го предупреди својот фински колега дека пристапувањето во НАТО и напуштањето на неутралниот статус на Финска би било „грешка".

Фото: Пиксабеј

Тој му рекол на Саули Ниинисто дека нема закана за безбедноста на Финска.

За оваа тема се разговарало за време на телефонскиот повик на финскиот претседател, пред официјалното барање кое Финска се очекува да го објави многу наскоро.

Шведска исто така ја покажа својата намера да се приклучи на западната алијанса, по руската инвазија на Украина.

Финска дели 1.300 километри граница со Русија. Досега, таа остана надвор од НАТО за да избегне конфликти со својот источен сосед.

Путин не упати конкретна закана за одмазда поради потегот на Финска, но руското Министерство за надворешни работи посочи дека ќе има реваншизам.

Одлуката на Русија да го прекине снабдувањето со електрична енергија на Финска сепак се смета за ран знак.

Во својата изјава рускиот енергетски снабдувач РАО Нордик спомена проблеми со плаќањата.

Извршниот директор на финската национална мрежа Реима Паивинен изјави за Би-би-си дека руската суспензија не предизвикала никакви проблеми.

Тој рече дека рускиот увоз сочинува околу 10 отсто од националната понуда, додавајќи дека тие може да се заменат од алтернативни извори.

По телефонскиот разговор меѓу Ниинисто и Путин, Кремљ рече дека рускиот лидер истакнал дека „крајот на традиционалната политика на воена неутралност би бил грешка бидејќи нема закана за безбедноста на Финска“.

„Таквата промена во политичката ориентација на земјата може да има негативно влијание врз руско-финските односи развиени со години во духот на добрососедство и соработка меѓу партнерите“, додал тој.

Нинисто рече дека му кажал на Путин како неодамнешните потези на Русија, заедно со инвазијата на Украина „ја промениле безбедносната средина на Финска“.

„Разговорот беше директен и конкретен и се водеше без отежнувања. Избегнувањето тензии се сметаше за важно“, рече тој.

НАТО беше основан делумно за да ја спречи заканата од Советскиот Сојуз во 1949 година.

Претседателот Путин ја спомена намерата на Украина да се приклучи на Алијансата како една од причините за инвазијата на нејзиниот сосед.

Легенда под Главна слика

Фото: Пиксабеј

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе

(Насловот е на турски со причина, во превод, „писмо или револвер“.)

повеќе

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе