Путин предлага референдум за измени на Уставот

Рускиот претседател Владимир Путин за време на денешното обраќање пред пратениците на Долниот и Горниот дом на рускиот парламент изјави дека тој нема да бара да измени на Уставот, бидејќи се сложува со тоа дека постои ограничување на бројот на претседателски мандати.

Путин во своето годишно обраќање за состојбата на нацијата пред руската Дума, рече дека се сложува со сегашниот Устав, кој забранува повеќе од два последователни претседателски мандати, но исто така објасни дека некои работи сепак би ги менувал.

„Знам дека во нашето општество постои размислувања за одредбата дека едно лице не може да остане на функцијата претседател повеќе од два мандата по ред. Мислам дека тоа не е нешто важно, но се согласувам со оваа одредба“, рече Путин.

Тој, исто така, рече дека би било пожелно на премиерите, гувернерите и другите службени лица да им се укине можноста за двојно државјанство или дозволата за престој во некоја друга држава.

Путин исто така понуди да се ограничат овластувањата на претседателот врз основа на кои ги предлага членовите на владата и да го зголеми влијанието на парламентот за ова прашање.

„Мислам дека претседателот не треба да може да го отфрли кандидатот избран од парламентот“, рече Путин.

Тој исто така истакна дека не би било лошо да се одржи референдум за измените на Уставот.

Одамна се шпекулира дека Путин ќе се обиде да промени одредени членови од Уставот за себеси да си обезбеди уште еден мандат, што тој повеќепати го негираше.

Рускиот претседател победи на повторните избори за втор последователен мандат на местото претседател во 2018 година, а следните претседателски избори треба да се одржат во март 2024 година.

Се затвораат цркви, но се отвораат кладилници.

повеќе

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе