Путин предлага продолжување на руско-американскиот договор за нуклеарно разоружување

Рускиот претседател Владимир Путин предложи денеска за една година да се продолжи руско-американскиот договор Нов СТАРТ за нуклеарно разоружување, три дена откако Соединетите Држави предложија продолжување на тој договор, кој истекува на почетокот на 2021 година.

Фото: ЕПА

„Предлагам безусловно продолжување на тековниот договор за најмалку една година за да можеме да преговараме за сите параметри“, рече Владимир Путин на состанокот на Советот за безбедност.

Рускиот претседател во петокот предложи Русија и Соединетите Држави да го продолжат својот нов договор за контрола на оружјето Нов СТАРТ, кој истекува во февруари, за најмалку една година и без поставување никакви услови.

Договорот Нов СТАРТ (Договор за намалување на стратешкото вооружување) потпишан во 2010 година го ограничува бројот на стратешки нуклеарни боеви глави, ракети и бомбардери што Русија и САД можат да ги распоредат.

Во вторникот, американскиот преговарач Маршал Билингсл ѝ предложи на Москва договорот да се продолжи „за одреден временски период“ под услов Русија да се согласи да го „замрзне“ својот нуклеарен арсенал.

Рускиот заменик министер за надворешни работи го нарече ваквото замрзнување „неприфатливо“.

Во петок, Путин оцени дека ќе биде „крајно жално“ ако истече договорот, а за истиот нема замена, и го поздрави договорот што, според него, „ја ограничи трката во вооружувањето“.

„Јасно е дека ние имаме нови системи на вооружување што Американците ги немаат, барем не засега. Но, одбиваме да зборуваме за тој аспект“, додаде Путин.

Русија и Соединетите Држави заедно поседуваат повеќе од 90 проценти од вкупното нуклеарно оружје во светот, според последниот извештај на Меѓународниот институт за истражување на мирот во Стокхолм (СИПРИ).

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе