„Таму има одредени позитивни промени, како што ме информираа преговарачите од нашата страна“, му рекол Путин на својот сојузник белорускиот лидер Александар Лукашенко на состанокот во Москва.
Фото: ЕПА
Досега имаше три круга преговори меѓу преговарачките тимови на двете страни на границата Украина-Белорусија - а во четвртокот министрите за надворешни работи на Украина и Русија се состанаа на разговори во Турција.
Сепак, засега нема конкретни резултати од разговорите.
Путин се осврнал и на прашањето за санкциите против Русија, сугерирајќи дека тие би можеле да имаат позитивен ефект врз земјата.
„Ова се моменти на можност да се придвижиме кон зајакнување на нашиот економски и технолошки суверенитет“, рече тој.