Путин постави нов човек за преговорите со Украина

Кремљ соопшти дека искусен руски функционер роден во Украина сега е надлежен за односите на Москва и Киев, а тој потег некои украински политичари ќе го доживеат како нов доказ за благото подобрување на односите.

Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин Дмитриј Песков им кажа на новинарите дека Дмитриј Козак на својата нова должност заменик шеф на руската претседателска администрација особено ќе се бави со украинското прашање, јавува ТАСС.

Козак, кој е адвокат, е роден во Украина во времето на СССР.

Односите меѓу Москва и Киев се нарушени откако Русија го анектираше Крим во 2014 година, додека бунтовниците поддржани од Москва организираа востание во Донбас, на истокот на Украина, во кој досега загинаа над 13.000 луѓе. Русија негира дека има каква било улога во конфликтот.

Русија и Украина водат преговори за спроведување на мировен договор во Донбас, но најважните несогласувања се сѐ уште присутни и целосната нормализација е сѐ уште далеку.

Под украинскиот претседател Володимир Зеленски дојде до одреден напредок на самитот кој во декември беше одржан во Париз со лидерите на Русија, Франција и Германија. Потоа следеше голема размена на заробеници.

Зеленски за свој шеф на кабинетот го постави поранешниот адвокат Андриј Јермак.

Јермак, кој беше вклучен во процесот на преговарање за размената на заробеници со Русија, кажа за украинската телевизија 24 дека се сретнал со Козак и дека мисли дека тој е подобрување во однос на претходникот Владислав Сурков.

„Изгледа дека Козак е поподготвен за дијалог. Што се однесува до проблематиката за која разговаравме, можам само да кажам дека имавме конструктивен разговор, без што ништо од тоа што се случи немаше да биде возможно“, го цитира Јермак украинската агенција УНИАН.

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе