Путин поради пандемијата виртуелно ќе учествува на самитот на Г20

Рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Рим овој месец ќе учествува само преку видео врска поради загриженоста од пандемијата на коронавирусот, објави Кремљ.

Фото: ЕПА

Кремљ додаде дека Путин телефонски го известил Марио Драги, премиерот на Италија, кој во моментов претседава со форумот на дваесетте најголеми светски економии. Двајцата лидери разговарале и за ситуацијата во Авганистан и билатерални прашања.

Путин ја донел одлуката поради епидемиолошката ситуација, извести портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува Руската новинска агенција РИА.

Рускиот претседател минатиот месец заврши во кратка изолација, откако дел од неговата придружба се покажала како позитивна. Минатата недела Путин кашлал на владина седница, а потоа рече дека настинал. Русија во последниве денови има рекорден број на нови инфекции и смртни случаи.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе