Путин поради коронавирусот го одложи гласањето за уставните промени (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин денес го одложи референдумот за уставните промени кои би му овозможиле останување на власт поради влошената глобална ситуација поврзана со пандемијата на коронавирусот.

Гласањето за измените, кои вклучуваат укинување на забраната Путин во 2024 повторно да се кандидира за претседател, беше планирано за 22 април.

Реформата претходно ја одобрија парламентот и уставниот суд. Според измените Путин, кој 20 години доминира со руската политичка сцена, би можел уште двапати да се кандидира за шестгодишен претседателски мандат.

„Сведочиме на тоа како епидемијата на коронавирусот се шири низ светот, бројот на случаи расте, загрозена е цела светска економија“, кажа Путин во телевизиското обраќање до нацијата.

„Нашите апсолутни приоритети се здравјето, животите и безбедноста на луѓето. Поради тоа сметам дека гласањето треба да се одложи на неодредено“, додаде рускиот претседател.

Доколку Путин се кандидира за претседател во 2024, уставните измени ќе му овозможат на 67 годишниот поранешен агент на КГБ да остане на власт до 2036 година.

Во повеќето земји во развој, ковид-19 предизвикува економски ураган.

повеќе

Бизнис заедницата која до пред некој месец постојано „трубеше“ како државата не треба да ѝ се меша во работата, веднаш почна да плаче за државна помош.

повеќе

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе