Путин: Подготвен сум за дијалог на овие три теми

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва е отворена за дијалог за „обезбедување стратешка стабилност, зачувување на режимот за неширење на оружје за масовно уништување и подобрување на ситуацијата во областа на контрола на оружјето".

Фото: ЕПА

И покрај руската инвазија на Украина, и Москва и Вашингтон ја истакнаа важноста од продолжувањето на комуникацијата за прашањето за нуклеарното оружје. Двете земји се убедливо најголемите светски нуклеарни сили со вкупно околу 11.000 нуклеарни боеви глави.

Во обраќањето на правниот форум во Санкт Петербург, рускиот претседател рече дека за дијалогот ќе биде потребна „напорна заедничка работа“ и ќе има за цел да спречи повторување на „она што се случува денес во Донбас“.

Тој повтори дека Русија ја започнала инвазијата на Украина за „да ги заштити етничките Руси и луѓето што зборуваат руски во источниот регион на Донбас од прогон од Киев“ и ја обвини Украина за „злосторства против човештвото“.

Украина и Западот велат дека руската инвазија на соседот бил неиспровоциран акт на агресија, со цел окупација на украинската територија и соборување на претседателот Володимир Зеленски.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе