Мировни сили на ОН да ги штитат набљудувачите на ОБСЕ

Путин поддржува распоредување на сини шлемови на целиот исток на Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека поддржува распоредување на мировни сили на Обединетите нации за да ги штитат набљудувачите на ОБСЕ на целиот бунтовнички исток на Украина, а не само на демаркациската линија како што беше претходно договорено.

„Такво распоредување на сили би можело да се спроведе не само на демаркациската линија по повлекувањето на силите и воената опрема на двете страни, туку и на другите места каде што набљудувачите на ОБСЕ ги спроведуваат своите инспекции“, кажа рускиот претседател по телефонскиот разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, објави Кремљ.

Путин минатата недела за прв пат позитивно се изјасни за распоредувањето на сините шлемови за да се обезбедат активностите на набљудувачите на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) на истокот на Украина.

Ова барање одамна го упатија украинските власти чија војска веќе повеќе од три години се бори со проруските сепаратисти на истокот на земјата.

Киев претходно сметаше дека мировните сили треба да се распоредат низ зоната на конфликтот, додека Путин досега мислеше дека тие треба да бидат ограничени на демаркациската линија меѓу двете страни.

Кабинетот на Ангела Меркел соопшти дека германската канцеларка го поставила ова прашање во разговорот со Путин, и кажала дека е потребно да се смени мандатот на ОН.

„Претседателот Путин позитивно реагираше и се сложи да се укине ограничувањето на мисијата на ОН само на контакт линијата“, соопшти кабинетот на германската канцеларка.

Околу 600 набљудувачи на ОБСЕ се задолжени да го контролираат почитувањето на мировните договори. Кон крајот на април еден соработник на таа организација, Американец, загина во експлозија на мина при минување на патрола.

Сферата на локалните јавни финансии претставува многу погодно поле за соработка на локалната власт со приватниот сектор.

повеќе

Драги пратеници, помислете добро пред да притиснете копче за двојазична Македонија.

повеќе