„Се придржуваме до мораториумот за поставување ракети“

Путин побара од НАТО да го прекине распоредувањето ракети

Рускиот претседател Владимир Путин побара од НАТО да го сопре распоредувањето на копнени ракети од среден и краток дострел, истакнувајќи дека Русија и понатаму се придржува до мораториумот за разместување на таквите ракети, сѐ додека ракетите од „американско производство“ не се појават во одредени региони.

EPA-EFE

„Потврдуваме дека се придржуваме до мораториумот за разместување копнени ракети од среден и краток дострел, кој претходно го најави Руската Федерација, сѐ додека сличен тип ракето од американско производство не се појаваат во одредени региони“, кажа Путин.

Путин, како што се наведува на сајтот на Кремљ, истакна дека и понатаму е релевантен повикот на Русија до државите членки на НАТО да воведат сличен мораториум на распоредување ракети од среден и краток дострел.

Тој, како што беше претходно објавено, оцени дека повлекувањето на Соединетите Амеркански Држави од Договорот за ликвидација на ракетите од среден и краток дострел (ИНФ) е сериозна грешка која го зголемува ризикот од трка во вооружување.

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер претходно ги најави американските планови за зголемување на бројот на ракети од среден и краток дострел во Европа.

Тој кажа дека тоа е поврзано со зголемувањето на бројот на таквите ракети во Русија и Кина, што е, како што тврди, кршење на договорот ИНФ.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Кусокот во глобалното производство на вакцини против КОВИД-19 може да се надомести доколку на производителите ширум светот им се даде пристап до потребната технологија и знаење. 

повеќе

Европа е решена да се ослободи од меката моќ на Москва (енергенсите), а и на дипломатско поле сака да и стави до знаење дека и за неа ќе има „црвени линии“. 

повеќе

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе