Путин по трагичната експлозија во ракетната база: Нема опасност

Рускиот претседател Владимир Путин денес кажа дека нема опасност по експлозијата во која загинаа пет лица на 8 август во воената база на рускиот Далечен север.

На конференција за медиумите пред средбата со францускиот колега Емануел Макрон во Брегансон, рускиот претседател кажа дека нема никаква опасност ниту зголемување на нивото на зрачењето.

„Испративме експерти на местото на експлозијата и тие ја контролираат состојбата“, кажа тој и додаде дека се преземени превентивни мерки за ништо непредвидено да не се случи.

На 10 август руската нуклеарна агенција Росатом објави дека два дена претходно во експлозијата во ракетната база во Архангелск загинале пет лица.

По несреќата руското министерство за одбрана ја исклучи можноста за радиоактивно зрачење.

Градските власти на местата најблиску до базата наведоа дека забележале кратко зголемување на радиоактивноста и потоа ја повлекоа објавата. Руските власти потоа признаа дека несреќата е поврзана со тестирање ново оружје.

На 15 август норвешката управа за нуклеарна безбедност наведе дека неколку дена по експлозијата открила траги од радиоактивен јод во областите кои граничат со Русија.

„Во моментов не е возможно да се одреди дали трагите од радиоактивен јод се поврзани со несреќата во Архангелск“, истакна норвешката агенција за нуклеарна безбедност.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе