Путин пак задоцни на средба со папата Францискo во Ватикан

Рускиот претседател Владимир Путин денеска се сретна со папата Францискo, само еден ден пред католичките лидери од Украина да допатуваат во Ватикан на разговори за кризата во нивната земја и откако излегоа тврдења дека неговата посета на Светата столица може да биде вовед во возвратна посета на папата на Русија, јавија западните медиуми.

Путин, кој претходно веќе два пати се сретна со папата Францискo, во Ватикан пристигна на почетокот на 10-часовната посета на Италија во текот на која ќе разговара и со италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Неговиот црн автомобил во Ватикан пристигна со задоцнување од 50 минути. Западните медиуми потсетуиваат дека тој исто така доцнеше 50 минути и при неговата прва средба со папата во 2013 година, а повеќе од еден час на втората средба во 2015 година.

Главна тема на разговорите меѓу Ватикан и Русија во папската библиотека во ватиканската Апостолска палата треба да биде Украина. 

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе