Путин отворен за мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот украински колега Володимир Зеленски за првпат разговараа за украинскиот конфликт, потврди Кремљ.

Путин и Зеленски преку телефон разговараа за конфликтот во Украина и размената на затвореници, објави агенцијата Интерфакс неколку часа откако Путин посочи дека е отворен за преговори со Украина по нејзините парламентарни избори на 21 јули.

„Се разговараше за прашања поврзани со решавањето на конфликтот на југоисточниот дел на Украина и заедничка соработка за враќањето на затворените лица од двете страни“, рече портпаролот на Путин, Дмитриј Песков.

Двајцата лидери разговараа за можноста да се продолжат контактите во „нормандски формат“, кој вклучува учество на Франција и Германија во преговорите, со цел да се стави крај на конфликтот меѓу проруските сепаратисти и украинските сили.

Путин претходно рече дека за овие прашања „ќе биде повеќе или помалку можно да се разговара откако ќе се формира нова украинска влада и ќе се одржат парламентарните избори“.

Зеленски ја презеде должноста претседател пред два месеци и рече дека решавањето на конфликтот во Украина му е главен приоритет.

Тој во понеделникот изјави дека е подготвен да се состане со рускиот лидер во Минск на разговори на кои, како што рече, треба да бидат вклучени Германија, Велика Британија, САД и Франција.

Односите меѓу Украина и Русија се силно заострени откако Москва го анектираше полуостровот Крим во 2014 година и ги поддржаа вооружените сепаратисти во регионот Донбас во источна Украина во конфликт во кој се убиени 13.000 луѓе.

Договорот за примирје, потпишан во белорускиот главен град Минск во 2015 година со поддршка од Франција и Германија, имаше само ограничен успех во прекинот на непријателството.

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе

Суштинското синдикално организирање е во постојан пад, а за многу од работниците дури и слободниот викенд, како една од основните историски придобивки, е недостижна желба.

повеќе