Путин отпушти тројца министри, премиерот му предложи нови

Рускиот претседател Владимир Путин денес ги отпушти министерот за транспорт Евгениј Дитрих, министерот за животна средина и природни ресурси Дмитриј Кобилкин и министерот за градежништво Владимир Јакушев, а премиерот Михаил Мишустин предложи нови луѓе.

Фото: ЕПА

Мишустин му препорача на Путин унапредување на министерот за енергетика Александар Новак на позицијата заменик премиер. На негово место, Мишустин го препорача Николај Шулгинов, директор на компанијата Рус Хидро.

За нов министер за транспорт рускиот премиер го сака Виталиј Савелиев, директорот на авиокомпанијата Аерофлот, додека за нов министер за животна средина го препорача сегашниот министер за развој на Далечниот исток и Арктикот, Александар Козлов. За нов министер за градежништво е предложен Ирек Фајзулин, сегашниот заменик министер.

Новите министри допрва треба да бидат потврдени од Дума, долниот дом на парламентот, што се очекува и дека ќе го стори.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе

Северна Македонија, исто така, мора да се придвижи кон енергетска независност, користејќи обновливи извори на енергија кои нема да му наштетат на кревкиот екосистем во оваа прекрасна земја.

повеќе