Путин: Одговорот на Русија ќе зависи од предлозите на воените експерти

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека одговорот на Москва во случај САД и НАТО да одбијат да ѝ дадат безбедносни гаранции на Русија може да биде различен, во зависност од, како што рече, предлозите на воените експерти.

Фото: ЕПА

„Одговорот може да биде најразличен. Тоа зависи од предлогот што ќе ми го дадат нашите воени експерти“, рече Путин, пренесуваат агенциите.

Тој нагласи дека во исто време Русија ќе се залага за постигнување позитивни резултати во преговорите за тоа прашање.

На годишната прес-конференција на 23 декември Путин нагласи дека натамошното проширување на НАТО на исток е неприфатливо за Москва.

На 17 декември Русија објави нацрт-договори со САД и НАТО, кои вклучуваат непроширување на Алијансата на исток, вклучувајќи ги и поранешните советски републики, како и нераспоредување ракети со среден и долг дострел.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Колку и да сакаме Украинците да добијат целосна правда, на ерата на славни војни, несомнени победи и чисти порази ѝ дојде крајот. 

повеќе

Македонскиот народ мора да ја заштити автокефалноста на својата Македонска православна црква - Охридска архиепископија, како еден од носечките елементи на неговиот идентитет, од сите загрозувања од Фанар, од СПЦ и другите меѓународни црковни и други чинители. Време е за нов Македонски црковно-народен собир, како во 1945 година.

повеќе

Сите политичари и безмалку сите новинари во Македонија, се со став дека нема или поточно не е можен план Б во преговарањето за влез во ЕУ со Бугарија.

повеќе