Путин одби средба со Ердоган

Претседателот на Русија Владимир Путин нема намера на 5 март да се сретне со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Путин нема намера да присуствува на состанок за да разговараат за ситуацијата во сириската провинција Идлиб, и покрај изјавите на турскиот претседател дека средбата најверојатно ќе се случи.

Ердоган вчера кажа дека најверојатно ќе се сретне со Путин во Истанбул следната недела.

„Путин има други планови за 5 март“, изјави порпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, пренесува Ројтерс.

Песков додаде дека Путин воопшто не планирал да патува во Истанбул.

Тој, меѓутоа, додаде дека Русија и Турција продолжуваат да комуницираат на експертско и работно ниво, пред сѐ кога станува збор за кризата во Идлиб.

Вчера Ердоган на турските новинари им кажа дека најверојатно на 5 март ќе се сретне со Путин во Истанбул.

Тој додаде и дека присуството на турските оружени сили во сириската провинција Идлиб е легитимно.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе