Москва

Путин: „Од уставот ја исфрливме темпираната бомба на Ленин“

Амандманите во рускиот устав ќе спречат грешки направени за време на поранешниот Советски Сојуз, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

Тој истакна дека уставната можност за отцепување на поранешните советски републики од СССР била „темпирана бомба“.

Како што наведува Тасс, во интервју за телевизиската станица Русија-1, Путин рече дека во уставот на СССР била вклучена Лениновата теза за право на републиката за отцепување.

„Тоа е временска бомба поставена уште во 1922 година, кога е основан Советскиот Сојуз“, рече Путин, потенцирајќи дека републиките го имале тоа право и според подоцнежните устави на СССР.

„Секако, би требало да избегнуваме вакви работи. Апсолутно сум убеден дека правиме вистинска работа со усвојување амандмани на сегашниот устав - тие ќе ја зајакнат нашата државност и ќе создадат услови за доследен развој на нашата земја во наредните децении“, рече Путин.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/ALEXEI DRUZHININ

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе