Во Сирија

Путин: Новите напади на Западот ќе доведат до хаос

Рускиот претседател Владимир Путин вчера на својот ирански колега Хасан Рухани му рекол дека понатамошните напади на Западот врз Сирија би можеле да резултираат со хаос во меѓународните односи, објавија руските новински агенции.

Путин и Рухани во телефонски разговор ја коментирале ситуацијата во Сирија откако САД, Франција и Обединетото Кралство ги нападнаа Дамаск и Хомс со проектили.

Двајцата лидери се согласиле дека нападите на западните земји ги намалуваат шансите за постигнување политичко решение во Сирија, според руските агенции.

„Владимир Путин нагласи дека ако се продолжи со такви акции, кои ја прекршуваат повелбата на ООН, ќе дојде до хаос во меѓународните односи“, пишува РИА, осврнувајќи се на соопштението на Кремљ за печатот.

Операциите направени кај повеќето интерсексуални новороденчиња е од козметички причини.

повеќе

Внимателноста во водењето на преговорите за името и изјавите околу нив сега е повеќе од нужна.

повеќе

Во најсеверните делови на грчките региони Западна и Централна Македонија, сите народни ора се инструментални песни. Традиционалните песни во овие региони некогаш имаа зборови - но тие беа на јазик што грчката држава речиси еден век се обидува да го избрише: македонскиот словенски, вели Петрос Карацареас, лектор по англиски јазик и лингвистика на Универзитетот на Вестминстер, Велика Британија.

повеќе