Путин номиниран за Нобеловата награда за мир

Рускиот претседател Владимир Путин е номиниран за Нобеловата награда за мир, потврди денеска Кремљ.

Фото: ЕПА

Тој беше номиниран од писателот Сергеј Комков, а номинацијата наводно била испратена до одборот во Норвешка на почетокот на оваа година.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков пред новинарите изјави дека администрацијата на Путин не го номинирала Путин, пишува Тасс.

„Сите знаете дека за оваа награда се номинирани сосема различни луѓе, ова е иницијатива на оние што ја поднесуваат номинацијата. Во овој случај, номинацијата ја поднел споменатиот писател“, рече Песков.

„Ако се донесе оваа одлука да му се додели награда (на Путин) - одлично, ако не, тоа исто така не е проблем“, додаде Песков.

Веста за номинацијата доаѓа откако еден од главните критичари на Путин, лидерот на опозицијата, Алексеј Навални, беше ослободен од германската болница по наводниот обид за атентат.

Иако француските и шведските лаборатории потврдија дека Навални е отруен со новичок, Кремљ продолжува да тврди дека руските власти не виделе докази за труење.

Името на добитникот на Нобеловата награда за мир ќе биде објавено во октомври 2021 година.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе