Тој смета дека војната, поради фактот што двете страни бараат одлука на бојното поле, би можела да трае до крајот на годината. Кал истакна дека нападот врз Украина не е изненадување за БНД и дека Путин ќе продолжи да употребува сила за да ги постигне своите политички цели.
„Исто како во Чеченија, Грузија, Сирија и во Крим и Донбас, Путин се обидува со сила да ги постигне своите политички цели во Украина“, рече Бруно Кал. Тој го критикуваше игнорирањето на предупредувањата издадени од БНД со години на темата за руската надворешна политика.
„Она што за нас беше резултат на професионално разузнавачки активности шокираше голем дел од јавноста, што пак е резултат на таквата практика во последните години да се игнорираат предупредувањата на БНД и реалните закани да се нарекуваат панични или паметувања“, вели директор на БНД, организација задолжена за следење странски активности кои би можеле да го загрозат германскиот уставен поредок.
Пред комисијата за контрола на разузнавањето на Бундестагот, Кал исто така ја окарактеризира Кина како опасност и ја нарече „автократија која се стреми да стане глобална сила“. Парламентарната комисија за надзор на безбедноста вообичаено се состанува зад затворени врати, но еднаш годишно сослушувањето на шефовите на федералните разузнавачки служби се врши јавно.