Moсква

Путин: Не сакам да го продолжувам своето владеење

Рускиот претседател Владимир Путин тврди дека со новите предлози за уставни промени не сака да го продолжи своето владеење имајќи предвид дека во 2024 година му завршува мандатот.

Путин во јануари предложи низа уставни промени кои би ја зголемиле улогата на парламентот во именувањето премиер, би ги зголемиле некои овластувања на претседателот и би ја зајакнале улогата на Државниот совет, кој засега е советодавно тело.

Со реформите беа поттикнати прашањата за неговата иднина бидејќи е на власт од 1999 година.

„Амандманите кои ги предложив едноставно ги диктира животот. Се уверив вршејќи ги должностите на претседател на државата и владата дека некои нешта едноставно не функционираат како што би требало“, кажа Путин денес на средба со претставници на граѓанското општество.

„Затоа ги предложив, а не за да си го продолжам владеењето. Треба ли да се продолжи владеењето на актуелниот претседател? Не мислам дека треба“, додаде тој.

Путин не може повторно да се кандидира за претседател во 2024 бидејќи рускиот устав дозволува само два последователни мандати.

Конечното усвојување на неговиот предлог се очекува за нешто повеќе од три месеци. Потребен е и референдум, но датумот сѐ уште не е познат.

Многу аналитичари сметаат дека Путин со ова го подготвува теренот за периодот по 2024 година оставајќи си максимално отворена врата за да го задржи влијанието.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе