Путин не оди на погреб. Кремљ: На светот му недостига мудроста каква што ја имаше кралицата

Рускиот народ „длабоко ја почитува" кралицата Елизабета Втора, нејзината „мудрост и авторитет", соопшти денеска Кремљ по смртта на кралицата и додаде дека претседателот Владимир Путин нема да присуствува на нејзиниот погреб.

Фото: ЕПА

„Таквите квалитети сега се многу ретки на меѓународната сцена“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков на денешната прес-конференција. Песков рече и дека претседателот Путин не планира да оди на погребот на кралицата, кој ќе се одржи во Лондон за десет или единаесет дена.

„Таа опција не се разгледува“, рече Песков, додавајќи дека сè уште не се знае дали некој претставник на руската влада ќе присуствува на погребот, бидејќи сè уште не се објавени детали. „Сето ова допрва треба да биде објавено на еден или друг начин од страна на кралските служби и властите на Обединетото Кралство“, објасни тој.

Рускиот претседател изолиран е на Западот откако ја започна својата агресија против Украина на крајот на февруари. Вчера, кога почина 96-годишната Елизабета Втора, Путин ѝ оддаде почит на кралицата и изрази сочувство до нејзиниот син, кралот Чарлс Трети.

Патријархот Кирил, поглавар на Руската православна црква, денеска изјави дека кралицата Елизабета Втора е „симбол на историските традиции“ за цела Европа.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе

Трагично е што воопшто треба да се бориме за зачувување на институција која отсекогаш била стожер на културниот живот во Македонија.

повеќе

Македонија нема рециклирачки капацитет за пластичната амбалажа, а со увозот на ѓубре како гориво во индустријата, станува и неофицијална депонија на ЕУ.

повеќе