„Влијанието на САД слабее“

Путин не ја исклучува можноста за руско-кинески воен сојуз

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека сега нема потреба од руско-кинески воен сојуз, но дека тој би можел да биде склучен во иднина.

EPA-EFE

„Нам (сојуз со Кина) не ни е потребен, но теоретски, сосема е возможно да се замисли“, одговори Путин на прашањето за можноста за воен сојуз на Москва и Пекинг за време на видео-конференција со меѓународни надворешнополитички експерти.

Путиновата изјава укажува на продлабочување на врските на Москва и Пекинг, во време на сѐ поголеми тензии во односите на двете сили со САД.

Русија и Кина развија „стратегиско партнерство“, но досега ја отфрлаа можноста за формирање воен сојуз.

Путин денес потсети на заедничките воени вежби на Русија и Кина, а неведе и дека Москва споделила чувствителни воени технологии кои значително придонеле на јакнењето на кинескиот воен потенцијал.

„Бе каков било сомнеж, нашата соработка со Кина ја јакне одбранбената способност на кинеската војска“, наведе Путин и додаде дека во иднина се можни уште поблиски воени врски на двете земји.

„Времето кога Русија и САД решаваа за светските прашања заврши“

Времето кога САД и Русија одлучуваа за најважните светски прашања е минато, кажа рускиот претседател додавајќи дека Кина и Германија се движат кон статусот суперсили.

Путин на состанокот на Валдај клубот сугерираше дека моќта на САД слабее, како и таа на Британија и Франција, но дека Пекинг и Берлин, во смисла на политичката и економска тежина, стануваат суперсили.

Ако Вашингтон не е спремен со Москва да разговара за глобалните проблеми, Русија за тоа ќе разговара со други држави, кажа Путин преку видеолинк.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе