„Сѐ повеќе се зборува за нуклеарно оружје, а Русија има многу да каже за тоа“, напиша Сладков на Телеграм. „Имаме решение за Украина. Имаме неколку, но тие нѐ потсетуваат на она последното - нуклеарно оружје. Ако никој не сака да нѐ слушне, а 40 земји продолжат да им помагаат на украинските неонацисти, нема да има враќање назад.“
„Американците употребија нуклеарно оружје во Јапонија како демонстрација. Така и ние, Русите, треба демонстративно да го направиме тоа во Украина за да ја отстраниме темата за понатамошна конфронтација со тие 40 земји“, напиша тој на социјалната мрежа.
„Кратер со големина на неколку региони ќе биде јасен пример за тоа колку е сериозен апелот на Русија до НАТО за враќање на мирот и хармонијата. Но каде ќе биде Украина тогаш? Токму каде што се движи и сега, со таа разлика што ова ќе биде побрзо и поевтино за Русија.“
„Европејците и Американците не можат да разберат дека некој не може да малтретира соседна земја со таков огромен нуклеарен потенцијал“, напиша Сладков, навраќајќи се повторно на историјата и спомнувајќи го американското фрлање нуклеарни бомби врз Хирошима и Нагасаки и планот за испорака на нуклеарно оружје во Виетнамската војна. „Сѐ е можно, на тоа нѐ учат Американците. А ние учиме. Ништо од тоа нема да биде подобро за Украина“, рече владиниот пропагандист.