„Не сакам извештај, сакам вакцинирање“

Путин нареди масовна вакцинација против ковид од следната недела

Претседателот Владимир Путин нареди почеток на масовна вакцинација против коронавирусот во Русија до крајот на следната недела. Медицинските работници и наставниците ќе бидат првите што ќе добијат инјекција.

Фото: ЕПА

Руската фармацевтска индустрија е подготвена за масовни вакцинации, бидејќи бројот на дозите на веќе произведената антиковид-вакцина „Спутник 5“ ќе стане два милиони во наредните денови, рече Путин на денешната телеконференција.

„Би ве замолил да ја организирате работата на начин што ќе овозможи почеток на масовно вакцинирање до крајот на следната недела“, ѝ рече рускиот претседател на вицепремиерката Татјана Голикова. Вицепремиерката рече дека ќе пријави кога владата ќе биде подготвена да ја исполни таа задача, но Путин ѝ одговори дека не сака извештај, туку вистински почеток на вакцинацијата.

Вакцинацијата против ковид-19 ќе биде доброволна, а руските граѓани бесплатно ќе ги добиваат инјекциите.

Денеска министерот за одбрана Сергеј Шојгу му кажал на претседателот дека војската има изградено уште четири медицински центри за помош во борбата против коронавирусот.

Путин рече дека и воените и цивилните градежници заслужуваат „петка“ за нивната работа во изминатите месеци, бидејќи изградбата на медицински установи се одвивала 24/7 и била завршена на време. Од почетокот на пандемијата војската изгради вкупно 29 медицински центри низ цела Русија.

Путин ги пофали руските научници, велејќи дека „производството на Спутник 5, првата регистрирана вакцина во светот против коронавирусот, е она што ни овозможува да ја почнеме вакцинацијата“. Спутник 5 доби одобрение од државата во август, а во тек се клиничките испитувања во третата фаза. Најновите податоци покажуваат дека повеќе од 95 проценти од пробните вакцини биле ефикасни против ковид-19, вели Раша тудеј. Во средината на октомври, Русија ја регистрираше и својата втора вакцина, Епиваккорона.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе

Западен Балкан оди во насока на целосна контрола на државните институции во служба на политичките елити. Не е чудо што граѓаните имаат ниска доверба во овие институции.

повеќе

Граѓаните се преморени од бескрајните, приказни на предавници и патриоти, тирански платформи, договори со Грција, Бугарија, рекети, пописи, тендери,

повеќе