Путин нареди измена на прописите за носење оружје по пукањето во училиштето

Денес рускиот претседател Владимир Путин нареди итно преиспитување на прописите за носење оружје во Русија по пукањето во училиште во Казањ во кое беа убиени најмалку девет лица, меѓу кои ученици и двајца наставници.

Фото: ЕПА

„Претседателот нареди итно да се изработи нова рамка за дозволениот тип оружје меѓу цивилното население, земајќи го предвид видот на оружјето што се користеше“ при пукањето во Казањ, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, непосредно по нападот.

Осум лица, од кои седум ученици и еден наставник, беа убиени во денешниот напад во средно училиште во Казањ, беше потврдено за руската агенција РИА во канцеларијата на претседателот на Татарстан, Рустам Миниханов. Сепак, агенцијата Интерфакс претходно објави, повикувајќи се на добро информирани извори, дека 11 лица биле убиени, а 20 биле повредени.

Еден напаѓач, 17-годишник, е приведен, а другиот е убиен, јавија руските агенции.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Законот за високо образование јасно и прецизно ја пропишува постапката за избор во наставно-научни и соработнички звања на високообразовните институции во нашата држава-Македонија.

повеќе

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе