На американскиот тест за крстосувачки ракети

Путин нареди „да им се возврати на САД со иста мера“

Руските вооружени сили ќе го испитаат неодамнешниот тест на крстосувачки ракети, спроведен од страна на САД, откако се повлекоа од важниот Договор ИНФ, и ќе спроведат реципрочни мерки.

Сепак, Москва не се стреми кон трка во вооружување, вели Кремљ.

Претседателот Владимир Путин им наредил на Министерството за одбрана и на други тела „да го испитаат степенот на закана од овие американски дејства и да преземат исцрпни мерки за да подготват симетричен одговор“.

Путин зборуваше само неколку дена откако американската војска пробно испука копнена верзија од крстосувачката ракета Томахавк, која патуваше околу 500 километри пред да удри во лажна цел.

Оружјето, испукано од универзален систем за лансирање Мк-41 во Калифорнија, беше забрането според Договорот за нуклеарни сили со среден дострел опсег (ИНФ) во 1987 година, од кој се повлекоа и Русија и САД.

Вашингтон „жестоко ја негираше можноста да биде истрелана поморска ракета Томахавк од копнен Мк-41“, рече Путин. Сега, не може да се негира прекршувањето на договорот, додаде тој.

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе