Путин нареди делумна мобилизација, вели Западот сака да ја уништи Русија

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја нареди првата мобилизација на Русија по Втората светска војна, предупредувајќи го Западот дека ако продолжи, како што ја нарече, со својата „нуклеарна уцена“, Москва ќе одговори со силата на сиот свој огромен арсенал.

Фото: ЕПА

„Доколку е загрозен територијалниот интегритет на нашата земја, ќе ги искористиме сите расположливи средства за да го заштитиме нашиот народ - ова не е блеф“, рече Путин во телевизиското обраќање до нацијата, додавајќи дека Русија има „многу оружје за одговор“.

Рускиот министер за одбрана рече дека со делумната мобилизација ќе бидат повикани 300.000 резерви и дека ќе важи за оние со претходно воено искуство.

„Зборуваме за одбрана на териториите и Русија. Западот сака да ја уништи нашата земја. Западот се обиде да го претвори украинскиот народ во топовско месо“, рече Путин во обраќањето до нацијата.

Тој рече дека целта е „ослободување на Донбас“ и дека ѝ наредил „на владата да им даде правен статус на доброволците што се борат во Донбас“.

Во телевизиско обраќање, пренесува Ројтерс, тој исто така рече дека повеќето луѓе во регионот не сакаат да му се вратат на, како што рече, „јаремот“ на Украина.

Претседателот на Русија изјави и дека „Западот не сака мир меѓу Украина и Русија“.

„Му велам на Западот - имаме многу оружје за да одговориме - тоа не е блеф. Ќе ги искористиме сите ресурси што ги имаме за да го одбраниме нашиот народ“, рече Путин, додавајќи дека руската влада „мора да обезбеди средства за зголемување на производството на оружје“.

Путин рече дека делумната воена мобилизација на нејзините 2 милиони воени резервисти била за одбрана на Русија и нејзините територии, тврдејќи дека Западот не сака мир во Украина.

Пред говорот на Путин, во очигледно координиран потег во вторникот, лидерите инсталирани од Москва во окупираните области на четири украински региони објавија планови за одржување референдуми во наредните денови заради приклучување кон Русија.

Руската рубља ослабе за еден процент на 61,2 во однос на американскиот долар по говорот на Путин на државната телевизија.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Сведоци сме деновиве на сензационална приказна за некаков американски тим кој, внимавајте, агресивно ќе ловел корупција во Македонија.

повеќе

Најавите на американската администрација за бескомпромисна  борба против овие корумпирани,  неспособни  и криминални структури на сите нивоа на државата за македонските граѓани се единствено светло во тунелот.

повеќе

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе