Путин најави посета на Јужна Кореја откако ќе ја прими вакцината Спутник против коронавирусот

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе ја посети Јужна Кореја откако ќе ја прими вакцината Спутник V против коронавирусот, соопштено е од администрацијата на јужнокорејскиот претседател.

Путин ова го изјави за време на телефонскиот разговор со претседателот на Јужна Кореја, Мун Џае Ин, по повод 30-годишнината од дипломатските односи меѓу Русија и Јужна Кореја.
 
Прес-службата на Мун во понеделникот објави детали од повикот на двајцата лидери, кои меѓу другото разговарале за коронавирусот.
 
Според новинската агенција РИА, Путин на Мун му кажал: „Ќе дојдам во Јужна Кореја... Јас лично ќе ја примам руската вакцина и ќе дојдам“.

Русија ја одобри вакцината Спутник V во август, тврдејќи дека е прва земја што нашла начин да ја запре пандемијата која однесе повеќе од еден милион животи ширум светот.

За време на разговорите, рускиот претседател се осврнал и на начинот на кој Јужна Кореја се бори против пандемијата, наведувајќи дека е фасциниран од нивото на мерките што Сеул ги има воведено.

Според Таас, Путин на седницата на Президиумот на Државниот совет изјавил дека борбата против коронавирусот во Русија сè уште трае и дека граѓаните треба да ги почитуваат безбедносните мерки.

Во никој случај не треба да се опуштиме, да ја изгубиме будноста, рече Путин и ги замоли граѓаните да бидат внимателни.

„Ризиците, драги пријатели, остануваат. Би ве замолил да го запомните тоа и да покажете максимална одговорност за себе и за оние околу вас“, рече Путин.

И Софија ќе треба да не го запре македонското евро-интегрирање на самиот почеток – и Скопје ќе треба да ја декомунистицира и дејугословенизира својата елита, економија, политика, наратива и медиуми.

повеќе

На светов има доволно место и за доктори и за антиваксери, и за научници и инженери, како и за рамноземјани и антимаскери, за уметници и фантазери.

повеќе

Во Законот кој е предложен воопшто не се цели на попишување на реалната состојба на терен, туку се цели на попишување на сите возможни граѓани заради задоволување на политички цели.

повеќе