На Денот на космонавтиката

Путин најави обновување на руската лунарна мисија: Развиваме нуклеарна енергија во вселената (ВИДЕО)

Русија ќе развива нова генерација транспортни вселенски бродови и технологија за нуклеарна енергија во вселената, истакна рускиот претседател Владимир Путин.

EPA-EFE

Зборувајќи на средбата со белорускиот лидер Александар Лукашенко на космодромот Восточни на истокот на Русија, на Денот на космонавтиката, Путин потсети на советските успеси во вселената и кажа дека никакви санкции против Русија не можат да го сопрат нејзиниот напредок.

Кажа дека Русија ќе ја обнови лунарната мисија со нова сонда, Луна-25, подоцна годинава и дека ќе ја продлабочи соработката со Белорусија во вселенската инфраструктура и технологија.

Русија ќе соработува со Белорусија на инфраструктура која на земјите ќе им гарантира независен пристап до вселената, кажа Путин, додавајќи дека побарал од руската вселенска агенција Роскосмос да ги обучува Белорусите за лет со руски вселенски бродови.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Римскиот политичар и филозоф, Марк Тулиј Цицерон, во I век пред н.е. укажал дека „кога немате основа за аргумент, злоставувајте го тој што ве обвинува“.

повеќе

Со појавата не енергетската криза многу земји отстапија од зацртаните планови за намалување на емисиите на стакленички гасови.

повеќе

Работите во Македонија забегаа до тој степен што за нив мора да се пишува отворено, „револуционерно“.

повеќе