„Белорусија се најде во тешка ситуација, во услови на невиден надворешен притисок по претседателските избори“, кажа Путин во видео обраќање до учесниците на руско-белорускиот форум.
Белорусија ја тресат протести од почетокот на август по повторнот избор на претседателот на земјата Александар Лукашенко, кој владее со земјата од 1994 година.
Лукашенко побара помош од Путин и рускиот претседател му вети безбедносна поддршка на Минск, доколку биде потребна, и заем од 1,5 милијарди долари.
Путин оцени и дека односите на Русија е Белорусија се „засновани врз цврсти темели“.