Осуда од страна на рускиот претседател

Путин: Надворешниот притисок врз Белорусија е без преседан

Рускиот претседател Владимир Путин го осуди „надворешниот притисок без преседан“ врз Белорусија.

EPA-EFE

„Белорусија се најде во тешка ситуација, во услови на невиден надворешен притисок по претседателските избори“, кажа Путин во видео обраќање до учесниците на руско-белорускиот форум.

Белорусија ја тресат протести од почетокот на август по повторнот избор на претседателот на земјата Александар Лукашенко, кој владее со земјата од 1994 година.

Лукашенко побара помош од Путин и рускиот претседател му вети безбедносна поддршка на Минск, доколку биде потребна, и заем од 1,5 милијарди долари.

Путин оцени и дека односите на Русија е Белорусија се „засновани врз цврсти темели“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе