Путин надгледуваше воена вежба, на руска подморница една ракета ѝ останала во цевката (ВИДЕО)

Руска нуклеарна подморница минатата недела се откажа од тестирање интерконтинентална балистичка ракета на воената вежба која ја следеше и рускиот претседател Владимир Путин, соопшти денес руското министерство за одбрана.

Нуклеарната подморница К-44 „рјазањ“, дел од руската Пацифичка флота, требала на 17 октомври да лансира две балистички ракети Р-29Р во Охотското Море. Таа успешно лансирала само една, додека другата останала во цевката на подморницата, јавуваат руските агенции.

Инцидентот се случил истиот ден кога Путин ја следеше вежбата од командниот центар во министерството за одбрана во Москва.

Акцијата во Охотското Море беше дел од пошироката вежба на руските оружени сили, позната како „Гром 2019“, чија цел беше да се тестира спремноста на силите за нуклеарен конфликт.

Руското министерство за одбрана го потврди денес инцидентот со балистичката ракета, но ги отфрли тврдењата на одделни руски медиуми дека неуспешното лансирање на втората ракета предизвикало „итна ситуација“.

Во вежбата на рускиот Далечен исток и Далечен север од 15 до 17 октомври учествуваа над 12 илјади војници, над 100 летала и пет подморници, соопшти министерството. Вежбата се одвиваше во регионот на Баренцовото, Балтичкото, Црното и Охотското Море, како и Каспиското Езеро.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе