Путин на парламентот му ги предаде своите предлози за уставни амандмани

Рускиот претседател Владимир Путин му ги предаде денес на парламентот своите предлози за уставни амандмани, помалку од една недела по ненадејната објава на реформа на политичкиот систем.

Путин во таа насока, објавена на интернет страницата на долниот дом на рускиот парламент Дума, предлага низа мерка, особно онаа која ја јакне улогата на парламентот во именувањето на премиерот и друга која го ограничува бројот на претседателските мандати на два, наместо на два последователни.

Според една од тие мерки претседателот би фомирал државен совет кој, според текстот на законот, би бил задолжен за „одредување на главните насоки на внатрешната и надворешната политика на Руската Федерација“.

Рускиот претседател минатата недела ги изненади сите за време на годишното обраќање во парламентот кога најави уставна ревизија, која доведе до оставка на премиерот Дмитриј Медведев и неговата влада.

Таа реформа поттикна нагаѓања за неговата политичка иднина по завршувањето на мандатот во 2024 година, по што, според сегашниот закон, не би имал право да се кандидира.

Изгледа дека реформата која ја предложи денес исклучува враќање во Кремљ по вршење други функции, како што беше случајот кога беше премиер од 2008 до 2012 година, по двата последователни претседателски мандати, а потоа од 2012 се врати на местото претседател.

Иако тој никогаш директно не зборувал за својата иднина по 2024 година, аналитичарите се сложуваат дека ќе се труди да го задржи своето влијание.

Неговиот главен противник Алексеј Навални денес преку социјалните медиуми напиша дека „Путин сака да биде доживотен лидер на земјата“.

„Тоа е узурпација на моќта против која треба да се бориме“, заклучи Навални.

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе