По гласањето на Електорскиот колегиум

Путин му ја честиташе победата на Бајден

Рускиот претседател Владимир Путин му ја честиташе победата на Џо Бајден на претседателските избори во САД, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Тој рече дека е спремен за соработка и дијалог.

„Во телеграма, Путин му посака успех на новоизбраниот претседател и изрази уверување дека Русија и Соединетите Држави, кои имаат посебна одговорност за глобалната безбедност и стабилност, навистина можат да придонесат за решавање на многу проблеми и предизвици со кои се соочува светот, и покрај несогласувањата“, се вели во соопштението на Кремљ.

Електорскиот колегиум синоќа официјално потврди дека Бајден ќе биде новиот претседател на Соединетите Американски Држави.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Во САД и некои други земји, припадниците на загрозените расни и етнички малцинства имаат пократок животен век од просечниот, и поради тоа не се доволно застапени меѓу оние за кои најмногу се очекува дека ќе починат од ковид-19.

повеќе

Предвидувањата за тоа дека ќе дојде денот кога Бугарија ќе ги искористи пасошите кои Софија така лесно им ги даваше на македонските државјани почнуваат да се остваруваат.

повеќе

Реакцијата на семејството и блиските во однос на пандемијата е пресуден фактор кој влијае на емотивната состојба, размислувањата и однесувањето на младите.

повеќе