„Примете ги моите искрени честитки за преземањето на тронот. На вашето височество му посакувам успех, добро здравје и се најдобро“, напиша Путин во телеграмата, се вели во соопштението.
Чарлс Трети беше формално прогласен за крал на Велика Британија од Советот за пристапување, иако тој стана крал автоматски кога неговата мајка кралицата Елизабета Втора почина во четвртокот, но церемонијата на прогласување е клучен уставен и церемонијален чекор со кој се воведува новиот монарх во земјата.