„Поддржуваме воспоставување на долгоочекуваниот мир“

Путин: Москва е за мир и стабилност во Авганистан и сопирање на миграциите

Рускиот претседател Владимир Путин кажа денес дека Москва е заинтересирана за мир и стабилност во Авганистан и од таму да се сопре егзодусот создаден откако талибанците ја преземаа власта минатиот месец.

EPA-EFE

Тој на видеоконференција разговараше со претставниците на Бразил, Индија, Кина и Јужна Африка, кои со Русија членуваат во БРИКС.

На соговорниците им кажа дека „Русија, како и нејзините партнери од групата БРИКС), доследно го поддржува воспоставувањето на долгоочекуваниот мир и стабилност во Авганистан“.

Рускиот претседател додаде дека Русија е „заинтересирана да сопре токот на миграциите“ и дека сака Авганистанците да „живеат со мирен и достоинствен живот во својата татковина“.

Москва, која водеше десетгодишна војна во Авганистан која заврши со повлекување на советските трупи во 1989 година, се врати дипломатски како посредник во последните неколку години.

Иако ги смета талибанците за забранета терористичка организација, Русија со години одржува врски со нив.

За разлика од многу други земји, Русија не вети дека ќе прими авганистански бегалци по преземањето на власта од страна на талибанците.

Путин претходно кажа дека Москва не сака во Русија да дојдат „терористи под маска на бегалци“.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Земјите треба да бараат начини за градење мостови и унапредување на билатералните економски врски, а не да гледаат во минатото и да му наметнуваат на македонскиот народ поинаков идентитет или историски наратив.

повеќе

Tочната искористеност и капацитет на водните ресурси во државата e невозможно прецизно да се пресмета заради недостиг на континуирани хидролошки мерења и мониторинг на квалитетот на водите.

повеќе

Нам бизнисмените не ни требаат ниту уставни преамбули ниту некакви параграфи за да ги почитуваме Република Бугарија и нејзините граѓани. Ние некого почитуваме доколку прави профит, плаќа даноци и доколку е општествено одговорен.

повеќе