Путин: Либералните вредности се застарени, го изневерија Западот (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин во интервју објавено синоќа кажа дека либералните вредности се надминати бидејќи ги отфрлаат повеќето граѓани на западните држави.

Путин во разговор за Фајненшл тајмс кажа дека германската канцеларка Ангела Меркел направила кардинална грешка одлучувајќи се за либерална политика кон емиграцијата од Блискиот Исток.

„Либералната идеја претпоставува дека ништо не треба да се прави. Емигрантите можат неказнето да убиваат, ограбуваат и силуваат бидејќи треба да се штитат нивните права како емигранти. Кои би биле тие права? Секое злосторство мора да има своја казна“, кажа Путин во разговорот.

„Либералната идеја е застарена. Дојде во конфликт со интересот на големо мнозинство од населението“, кажа рускиот лидер.

Путин истакна дека Русија не е хомофобна, но дека спремноста на Западот да ги прифати хомосексуалноста и родовата неодреденост изгледа претерана.

„Традиционалните вредности се постабилни и им се поважни на милиони луѓе околу таа либерална идеја која, според мене, всушност исчезнува“, истакна тој.

Рускиот претседател кажа и дека има впечаток дека либералните кругови се трудат да ги искористат проблемите низ кои минува Римокатоличката црква за да ја уништат, пренесува Раша тудеј.

Два месеци по недобивањето датум за преговори за членство на Македонија во ЕУ, малку знаеме која беше улогата на Бугарија во тоа.

повеќе

И покрај сите обиди, темата „Закон за јазиците" не „лепи".

повеќе

Дали ние, луѓето, сакаме да продолжиме да живееме добро и безбедно на оваа планета?

повеќе