По повод годишнината од обединувањето на Русија и Крим

Путин: „Крим е света земја за нас“

Рускиот претседател Владимир Путин им ја честиташе на граѓаните седмата годишнина од обединувањето на Русија и Крим.

EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV

Тој рече дека Крим е света земја за Русија и центар на духовното единство на земјата.

„Ви го честитам празникот, Денот на обединување на Крим и Севастопол со Русија. Тоа е празник на жителите на Крим и Севастопол, но исто така празник и за целата наша огромна земја. Огромна, бидејќи Русија останува најголемата земја на светот по територија“, рече Путин во своето обраќање на свечениот концерт одржан во спортскиот комплекс Лужники во Москва по повод годишнината од присоединувањето на Крим кон Русија. Настанот ги отвора традиционалните Денови на Крим кои ќе се обележуваат до 21 март.

Путин потсети дека од одамна предците ја освојувале таа територија, а во Керсон кнезот Владимир со својата свита го примиле христијанството.

„Во нападот на нацистичка Германија во 1941 и 1945 година, секоја педа од таа земја била обилно полевана со крв на рускиот, советски војник. Се разбира, тоа за нас, за Русија е света земја“, додаде рускиот лидер.

Рускиот лидер истакна дека љубовта кон татковината е во крвта, карактерот и гените на Русите и дека таа го прави народот силен, ги обединува околу заедничките задачи.

Тој исто така додаде дека Русија е подготвена да живее во новите геополитички услови.

„Покрај тоа, на нашите соседи гледаме не само како на соседи блиски по географија, туку народите на тие земји ги сметаме за братски народи. Подготвени сме да ги подржиме со цел да обезбедиме развој, за заедно да чекориме напред користејќи ги нашите конкурентски можности кои ги има доволно. Меѓутоа, никогаш нема да се согласиме на едно - некој да си дозволи да ги користи богатите дарови на Русија против нејзе самата. Се надевам дека тоа ќе допре до сите“, рече рускиот лидер на свечениот концерт по повод годишнината од обединувањето на Крим и Русија.

Крим стана дел од Русија во март 2014 година, по референдумот одржан по пучот во Киев. За обединување со Русија гласаа 96,77 проценти од гласачите на Република Крим и 95,6 проценти од гласачите на Севастопол. Украина сè уште го смета Крим за своја привремено окупирана територија. Според рускиот претседател Владимир Путин, прашањето за Крим е затворено.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE/VYACHESLAV PROKOFYEV

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе