Путин: Коронавирусот се стабилизираше во Русија, бројот на новозаразените паѓа

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека коронавирусот се стабилизирал во земјата и дека бројот на новозаразените паѓа.

EPA-EFE

За време на видео-конференција со водечките функционери во земјата Путин кажа дека „позитивната динамика не е толку брза колку што тие би сакале да биде“ и дека е понекогаш дури и нестабилна, но „дека таа постои“.

Русија во моментов е втора по САД според бројот на заразени со коронавирусот со повеќе од 324.000 случаи и со над 3.200 умрени. САД имаат над 1,5 милиони заразени и 90.000 умрени.

Рускиот претседател кажа дека позитивниот тренд овозможува понатамошно попуштање на рестрикциите но истакна дека мора да се зачува капацитетот на болниците за можен втор бран на заразата.

Функционерите му пријавија на Путин дека болниците каде што се лекуваат пациентите со ковид-19 во моментов се пополнети едвај нешто над половина од капацитетот и дека опаѓа приливот на пациентите, особено на оние во тешка состојба.

Стапката на смртност од коронавирусот во Русија остана забележително ниска, на околу 1 отсто, што предизвикува сомнежи кај Западот дека Русија пријавува помал број на смртни случаи од реалниот.

Руските власти го отфрлија ова тврдење наведувајќи дека ниската стапка на смртност ги одразува ефикасните превентивни мерки и распространетото тестирање.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе