Путин ќе стигне во Женева на денот на средбата со Бајден

Рускиот претседател Владимир Путин ќе пристигне во Женева на 16 јуни, а истиот ден ќе се сретне со американскиот колега Џо Бајден, јави денес руската агенција ТАСС.

EPA-EFE

ТАСС ја цитира изјавата на портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, кој потврди и дека двајцата лидери ќе се сретнат во вилата Ла Гранж од 18 век на Женевското Езеро.

И швајцарското министерство за надворешни работи потврди дека средбата ќе се одржи во вилата Ла Гранж во Женева на 16 јуни.

Од Кремљ претходно соопштија дека двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи, проблемите во врска со стратегиската нуклеарна стабилност и други прашања, кои вклучуваат соработка во борбата против коронавирусот и регионалните конфликти.

Легенда под Главна слика

EPA-EFE

Алчноста за максимизирање на површината на градење ја помина „црвената линија“. Градот полека ја сече гранката на која седи.

повеќе

Пристигна барањето од етничкиот албански фактор во политиката за тоа да има промена во химната, знамето и грбот на државата.

повеќе

Доколку најмоќните луѓе во земјата (вклучително и претседателот Милановиќ) не престанат со вербалните напади и притисоци врз новинари и медиуми, се плашам дека Хрватска ќе појде по стапките на Унгарија, Полска и Словенија во однос на (не)слободата на медиумите, што секако не е европски, туку автократски пат.

повеќе