Москва повеќе нема да им испорачува нафта или гас на земјите што ја ограничуваат цената, предупреди Путин, додека Западот размислува да воведе таква мерка.
Ограничувањето на цените „би било апсолутно глупава одлука“, рече Путин во Владивосток.
„Нема да испорачаме ништо ако тоа е спротивно на нашите интереси, во случајов економски. Ни гас, ни нафта, ни јаглен... Ништо“, додаде тој.
„Колку некои и да сакаат да ја изолираат Русија, тоа е невозможно да се направи“, рече Путин на економскиот форум фокусиран на Азија.
Рускиот претседател додаде дека пандемијата на коронавирусот е заменета со нови глобални предизвици, кои му се закануваат на целиот свет, наведувајќи дека мислел на „западната треска на воведување санкции“.
Легенда под Главна слика
Фото: ЕПА