Путин: Ќе ја запреме испораката на нафта и гас доколку се ограничи цената

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Владивосток предупреди дека Москва повеќе нема им да испорачува нафта или гас на земјите што ја ограничуваат цената.

Фото: ЕПА
 Москва повеќе нема да им испорачува нафта или гас на земјите што ја ограничуваат цената, предупреди Путин, додека Западот размислува да воведе таква мерка.
 
Ограничувањето на цените „би било апсолутно глупава одлука“, рече Путин во Владивосток.
 
„Нема да испорачаме ништо ако тоа е спротивно на нашите интереси, во случајов економски. Ни гас, ни нафта, ни јаглен... Ништо“, додаде тој.
 
„Колку некои и да сакаат да ја изолираат Русија, тоа е невозможно да се направи“, рече Путин на економскиот форум фокусиран на Азија.
 
Рускиот претседател додаде дека пандемијата на коронавирусот е заменета со нови глобални предизвици, кои му се закануваат на целиот свет, наведувајќи дека мислел на „западната треска на воведување санкции“.

Легенда под Главна слика

Фото: ЕПА

Концептот на даночната реформа, кој го претставивме минатата недела на заедничка прес конференција со премиерот е дел од поголем процес за креирање на оптимален даночен систем кој ќе биде праведен и ќе го поддржи економскиот раст.

повеќе

Ракот на корупцијата и понатаму е ендемичен, а актуелната власт сè повеќе потпаѓа под лошите навики на претходниот режим на Никола Груевски.

повеќе

Ех какво време дојде, да се стремиме кон нула. Уште повеќе, да постигнеме нула.

повеќе