Путин во Кремљ, при примањето на акредитациите на странските амбасадори, кажа дека Русија ќе бара „цврсти, сигурни и долгорочни гаранции за сопствената безбедност“.
„Во дијалогот со САД и нивните сојузници ќе инсистираме на изработка на конкретни договори кои би исклучиле какво било движење на НАТО на исток и разместување на оружени системи кои ни се закануваат од непосредна близина на руската територија“, кажа рускиот лидер.
Путиновата изјава доаѓа во време на тврдења на Киев и Западот за наводен план на Москва да изврши инвазија во Украина.
Руските власти возвраќаат на таквите тврдења со изразување загриженост поради јакнењето на силите на украинската војска во близина на истокот на Украина кој е под контрола на проруските бунтовници.
Путин вчера остро го предупреди НАТО да не распоредува војници и оружје во Украина, кажувајќи дека тоа е „црвената линија“ за Москва и дека ќе предизвика „силен одговор“.
Претходно министрите за надворешни работи на членките на НАТО ја предупредија Русија дека секој обид за дестабилизација на Украина би бил скапа грешка.