По 17 пат

Путин ја почна годинашнава Директна линија на прашања и одговори во Москва (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин ја започна овогодишната сесија на Директна линија на прашања и одговори во Москва.

Луѓето од цела Русија имаат можност да контактираат со претседателот преку телефон, текстуална порака или преку социјалните медиуми.

Директната линија на Путин е традиција преку цело негово претседателствување и за време на неговиот мандат како премиер.

Настанот главно се фокусира на домашни работи, при што претседателот известува за постигнувањата на владата, истовремено осврнувајќи се на актуелните прашања. Путин, исто така, се осврнува и на меѓународните прашања.

Околу 1 милион прашања биле примени до девет часот изутрина.

Традиционалната „Директна линија“ се одржува по 17-ти пат, а прашањата ќе може да се поставуваат и за време на емисијата.

Ако идниот премиер биде македонски Албанец и ако успее сите граѓани на Македонија да се поклонуваат под едно знаме, тогаш – зошто да не!

повеќе

Стана премногу вообичаено да се слушнат повици за брза и сериозна одмазда како одговор на недокажани престапи на говорот и мислата, велат Ноам Чомски, Џ.К. Роулинг и 150 други интелектуалци во отворено писмо до јавноста.

повеќе

Додека повеќето земји во светот се соочуваа со двојна, здравствена и економска криза, Косово преминуваше во тројна криза заради политичките случувања.

повеќе