Вооружените сили на Украина треба да ја „преземат власта“ во земјата и да преговараат за мир со Москва, рече претседателот Владимир Путин за време на денешниот состанок на Советот за безбедност на Русија. Тој, исто така, ја обвини владата во Киев и „неонацистите“ дека ги користат цивилите како „човечки штит“ во време на руската офанзива во Украина.
Путин рече дека украинската војска не смее да дозволи нивната влада да ги користи нивните „деца, сопруги и најблиски како жив штит“ – тактика за која инсистираше дека Киев ја користи за време на воената операција на Москва.
„Земете ја власта во свои раце!“, рече рускиот претседател, тврдејќи дека армијата ќе биде подобар партнер во преговорите од „купот зависници од дрога и неонацисти“ за кои тој тврди дека „се зацврстиле во Киев“ и го држат народот како „заложник“.






