Отворајќи го патот кон уставните измени

Путин ја одобри новата влада, остануваат министрите за одбрана, надворешни и финансии

Претседателот Владимир Путин ја одобри новата влада по оставката на претходниот кабинет, нарекувајќи ја избалансирана. Иако има значителна реконструкција, министрите за одбрана, надворешни работи и за финансии ги задржаа своите функции.

„Новата влада е добро избалансирана, иако помина низ голема реконструкција“, рече Путин за време на состанокот со новиот кабинет.

И Сергеј Лавров и Сергеј Шојгу се доајени во политиката и се меѓу најдоверливите политички фигури во Русија, а заостануваат само зад претседателот Путин кога станува збор за популарност кај јавноста, вели РТ. Антон Силуанов е министер за финансии на Русија од 2018 година.

Поранешниот премиер Дмитриј Медведев минатата недела објави дека целата влада ќе поднесе оставка во ненадејна изјава непосредно по Путиновиот говор за состојбата на федерацијата.

Она што беше вообичаен годишен настан се претвори во еден од најзначајните моменти во модерната политичка историја на Русија бидејќи Путин неочекувано предложи големи измени во уставот на нацијата.

Предложената реформа предвидува пошироки овластувања за Државната дума - долниот дом на парламентот на Русија - вклучително и давање можност да го избира премиерот и да формира влада.

Путин исто така предложи Русија да се придржува кон меѓународното право само до степен што не ги ограничува правата и слободите на Русите и не е во спротивност со самиот руски устав.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе