„Добро за мултиполарниот свет“

Путин ја одобри идејата на Макрон за европска војска (ВИДЕО)

Рускиот претседател Владимир Путин изјави во Париз дека е нормално еден можен економски блок како Европската Унија да сака сам себе воено да се брани, пренесуваат агенциите.

Путин ова го кажа два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп на Твитер го опиша како „многу навредлив“ повикот на францускиот претседател Емануел Макрон за формирање европска војска.

„Европа е можен економски ентитет, моќна економска унија, и сосема е нормално што сака да биде независна, самостојна и суверена кога станува збор за одбраната и безбедноста“, кажа Путин во денешната изјава за Раша тудеј во Париз, каде присуствува на одбележувањето на стогодишнината од крајот на Првата светска војна.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот го оцени како „многу навредлив“ предлогот на Мактон дека Европа треба да формира сопствена војска за да се заштити од Русија, Кина, па дури и од САД.

„Тоа е многу навредливо, но можеби Европа прво би требало да го плати својот праведен удел во НАТО, кој САД во голема мера го субвенционираат“, напиша Трамп на својот профил на Твитер, откако пристигна во Франција.

Макрон во вторникот изјави дека на Европа ѝ е потребна „вистинска војска“ за помалку да зависи од САД кога станува збор за одбраната.

„Мораме да се заштитиме од Кина, Русија, па дури и од Соединетите Американски Држави“, кажа тој во изјавата за француското радио.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе