„Бесрамна лага“

Путин ја нападна ЕУ околу пактот меѓу Хитлер и Сталин

Рускиот претседател Владимир Путин го нарече ставот на Европскиот парламент за Пактот Молотов-Рибентроп „бесрамна лага“.

Европскиот парламент пред два и пол месеци усвои резолуција во која се наведува дека договорот за ненапаѓање и пријателство меѓу нацистичка Германија и СССР, наречен по дипломатите кои го потпишаа во Москва Вјачеслав Молотов и Јоаким фон Рибентроп, „го отворил патот за избивањето на Втората светска војна“.

Русија го задржа советскиот став дека тој договор бил нужно зло за да се спречи нацистичката офанзива врз комунистичкиот Советски Сојуз, која сепак почна две години по потпишувањето. Германија го нападна СССР во 1941 година.

Обраќајќи им се на функционерите кои ги организираат свеченостите по повод 75-годишнината од завршувањето на војната, Путин изјави дека ставот на Европскиот парламент „не се темели врз реалноста“, се наведува во транскриптот на Кремљ.

За историскиот договор со нацистите во Русија денес ретко се зборува, но победата на сојузниците, особено на советите врз нацистичка Германија, предизвикува голема национална гордост.

Во резолуцијата на Европскиот парламент се наведува дека договорот бил обид да се подели Европа „меѓу двата тоталитарни режими“ на нацистичка Германија и комунистички СССР.

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе

Десензитивизацијата на Американците кон вртоглаво зголемениот број на жртви во пандемијата ја оправдува познатата опсервација на Јосеф Сталин: „Една смрт е трагедија; еден милион е статистика “. 

повеќе

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе